Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во белградската населба Врачар. Ученик од седмо одделение застрелан на час. Убиен е чувар. Неколку деца се повредени, објави Б92. Момчето што пукало е уапсено.
10:20 часот: Последна неофицијална информација: Трагедијата е многу поголема Новите неофицијални информации за пукањето во училиштето во Врачар говорат дека трагедијата е многу поголема отколку што се чинеше на почетокот, а според последните информации, покрај чуварот, загинале и неколку деца. Точната бројка не е утврдена, медиумите шпекулираат со бројка од 6 до 8 убиени деца.
Што велеа првичните информации?
14-годишното момче пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Полицијата рекла дека сѐ се случило на час, кога момчето извадило пиштол и почнало да пука. Тој испукал неколку истрели.
Убиен е чуварот, а не се знае точниот број на повредените ученици. Сè траело неколку минути, рекла полицијата. Според неофицијални информации до кои дошла ТВ Прва, момчето на училиште дошло со пет полни шаржери.
Исто така според неофицијални информации, застрелани се две момчиња, кои се пренесени во Ургентниот центар, додека медиумите јавуваат дека не се знае дали две девојчиња се живи. Се јавува и дека ученикот пукал во наставничката за време на часот по историја.
На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци. Децата се изнесуваат од училиштето. Истрагата е во тек. На местото на настанот излегла и министерката за здравство на Србија, која според снимките од камерата на ТВ Прва, била видно потресена.
Be the first to write a comment.