Во Земун, Србија, бил застрелан Немања Бојовиќ- Хемија (35), син на убиениот криминалец Горан Бојовиќ- Амонијак.

Полицијата ја најави акцијата „Вител“ и ги блокираше најважните сообраќајници во Белград во потрага по сторителите, јавува Нова.рс.

Како што неофицијално дознава Нова.рс, во престрелката е ранет уште еден маж, а двајцата повредени се пренесени во Ургентниот центар и не се знае степенот на нивните повреди.

Немања Бојовиќ е син на убиениот криминалец Горан Бојовиќ Амонијак, а некои медиуми го етикетираат како водач на „новиот Земунски клан“, пишува Нова.рс и наведува дека тој веќе е осуден за трговија со дрога, обид за убиство, изнуда и грабеж.

Горан Бојовиќ или Амонијак е убиен во 1992 година.