Извори од МВР за Канал 5 потврдија дека во тек е голема полициска акција, апсења и претреси низ цела Македонија .

Утринава низа апсења во повеќе градови во државата. Според наши извори во истрагата се вршат претреси на над 20 локации и има повеќе уапсени криминалци.

Како што дознаваме, мета на полицијата е организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.