Најмалку четири лица загинаа, а 38 се ранети во експлозија што се случи на шеталиштето Истиклал во Истанбул.

Експлозијата се случила во 16:20 часот по локално време, во време кога на познатото шеталиште имало многу шетачи и туристи.

Гувернерот на Истанбул Али Јерикаја на својот Твитер потврди дека бројот на загинати во експлозијата е најмалку четворица, а 38 ранети се пренесени во болниците во Истанбул.

Голем број полициски возила, амбулантни возила и пожарникари се на терен, а турскиот медиумски регулатор привремено им забрани на локалните медиуми да ја снимаат и прикажуваат експлозијата. Сепак, на социјалните мрежи очевидци споделуваат снимки од моментот на експлозијата.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу ги повика граѓаните да се држат настрана од местото на настанот и да се воздржат од дејствија кои можат да доведат до паника.

Главниот обвинител на канцеларијата во Истанбул започна истрага дали станува збор за терористички напад.

📸

📸

📸

📸