Трагична сообраќајна несреќа се случи вечерва на улицата „Козле“ во Скопје, а во неа, неофицијално, загина возач на скутер.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а голем дел од улицата е блокиран за сообраќај.

Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале мотоциклистот и два автомобила. Незгодата била меѓу возила цитроен, мини купер и мотоцикл управуван од лицето кое починало.

На улицата врие од полиција, која врши хвид. Очекуваме дополнителни информации наскоро.

📸