Видео од масовна тепачка денеска беше објавено на социјалните мрежи. Тепачката се случила во населбата Ново Лисиче, во непосредна близина на полициската станица.

Околу седум лица со боксови се пресметуваа среде паркинг, а засега нема информации кога точно се случил немилиот настан.