Неколку луѓе вчера биле итно пренесени во болница во Индија откако крвожеден леопард упаднал во зграда на суд.
Очевидци од Окружниот суд Газиабад во државата Утар Прадеш изјавија дека ѕверот се појавил „од никаде“ пред да ги нападне оние кои биле во зградата.
Неколку адвокати, полицајци и чистач на чевли паднале во канџите на ова суштество, според Џем прес.
Leopard entered Ghaziabad court premises#UttarPradesh #GAZIABAD #leopard #court #gaziabadcourt #trendingvideo #viralvideo pic.twitter.com/SATukwmwiv
— News track English (@newstrack_eng) February 9, 2023
„Леопардот најпрвин беше виден под скалите во судот“, изјавил еден сведок за локалните медиуми. „Кога ги виде луѓето, леопардот побегна од таму. Се нафрли врз луѓето и почна да бега“.
Чистачот чевли претрпел најтешки повреди и неговата состојба е опишана како „сериозна“.
Дивата мачка повредила и најмалку четворица адвокати, од кои еден бил масакриран додека се обидувал да се одбрани со стап.
Шокантниот инцидент е снимен со камера, а на застрашувачката снимка се гледа леопардот со крв на муцката додека ржи.
Екипите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот, како и 12-члениот тим од локалниот оддел за шуми задолжен да го фати суштеството.
Леопардот на крајот бил фатен, пишува Independent.
Еден човек бил виден со крв што блика од неговиот врат, откако животното го изгребало со канџите.
Several injured after leopard enters Ghaziabad court | Video#nationnext #ghaziabad #news #leopard #leopardattack #Wednesday #viralvideo #trending #trendingnews #latestnews #shorts #reels #UttarPradesh pic.twitter.com/I6XaZeic4n
— Nation Next (@nationnextX) February 9, 2023
Животното се здобило со неколку повреди „кои се лекуваат од ветеринарите од шумското одделение со антибиотици и мултивитамини“.
Според официјални лица, леопардот ќе биде ослободен од близина на човечки населби откако целосно ќе закрепне.
@DmGhaziabad @rakeshkumarsingh DM of our city on the front line during Leopard catching process in Ghaziabad Court Complex. Need more officers like Him. pic.twitter.com/OC5nARa1tt
— Shashank Singh (@Thshashank) February 9, 2023
Be the first to write a comment.