Американскиот претседател Џо Бајден се сопна додека се качуваше по скалите на авионот при напуштањето на Варшава.

„Претседателот Бајден се сопна и падна додека се качуваше по главните скали на AF1 во Варшава. Тој брзо се исправи и продолжи кон кабината. На пат сме за Вашингтон. Претседателот го завршува историското патување кое започна во Киев“, напиша дописникот на АФП Себастијан Смит на Твитер.