Исчезнат е Фадил Брао од Охрид, чија трага ја снемува од синоќа од 19 часот. На социјалните мрежи е објавен апел доколку некој го видел или има било каква информација, да се јави на телефонскиот број 072573364.

– Изгубен е Фадил Брао од Охрид. Изгубен е од синоќа од 19 часот со неговиот автомобил голф 5 со регистрација OH131BS. Ве молиме за било каква информација на број телефон 072573364, се вели во објавата.

Ристе Бочвароски е исчезнат веќе една недела

Веќе една недела не се знае што се случило со четириесет и седумгодишниот Ристе Бочвароски од Скопје, татко на две полнолетни девојки, кој во средата излегол на прошетка како и секој друг ден, но овој пат не се вратил.

Неговата сопруга во телефонски разговор за Канал 5 тврди дека тој немал никакви здравствени проблеми, од дома заминал без личната карта, а не ги земал ни телефонот и паричникот. Иако не сака јавно да говори, таа ни раскажа дека семејството преживува голгота, па во немоќ, додека чекаат абер од полицијата, неговите две ќерки одат низ автобуски постојки и главните скопски улици, па на бандери, билборди и на други видливи места закачуваат негови фотографии и податоци.

Излезе на прошетка и не се врати, а оттогаш му се губи секаква трага. Со ваква порака, на овие листови кои можат да се забележат на секој агол од градот, семејството апелира до граѓаните, кој ќе го види Ристе и ќе го препознае да им јави…

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се уште се трага по Ристе, а појаснуваат дека не се чека да поминат 24 часа од пријавата, туку се постапува веднаш.

Лице за исчезнато се пријавува и на 112, велат од Центарот за управување со кризи, но тие прво се вклучуваат со координирање на институциите, како што се општината и противпожарните единици, но дирекно се инволвираат во оној момент кога полицијата ќе им побара асистенција.

Помеѓу последните случаи со исчезнати лица се најде и шеснаесетгодишно девојче од охридското село Броштица кое пред два дена заминала од дома, но полицијата за кратко го пронашла, потврдуваат од МВР. Сепак, има случаи кои воопшто не се расчистени, како што е со исчезнатата Марија Брзакова од струмичко Босилово по која се трага три години. На веб страницата на МВР може да се сретнат и низа други. Инаку, доколку лицето не биде пронајдено за 72 часа, потоа потрагата по него не е активна и постојана.