Двегодишно дете од Велес било донесено починато во велешката болница вчера попладне. Според непотврдени информации, детето паднало од височина и се здобило со смртни повреди, објави порталот Батали.нет.

Од велешката полиција потврдија дека кај нив бил пријавен ваков случај, но оттаму нема детали што ја предизвикало смртта кај детето.

„На 17.12.2022 околу 18 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес. Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од СВР Велес.

Вчера доцна вечерта во сообраќајна несреќа во Велес загина 11 годишно девојче.