











Реална приказна или пак можеби само измислица за потреби на социјалните мрежи се шири на македонскиот Твитер.
Еден корисник тврди дека неговата жена, за која нагласува дека е високо образована со три факултети, го оставила за човек кој го запознала викендов на шанк во клубот „Салун“.






– Жена ми (школована, три факултети) во петок си бега за Виена, со новиот дечко што го запозна викендов на шанк во Салун. Типот рекетар, пијаница, наркоман… ама при пари е, и ја прелажа мојава. Пак ќе кажам: три факултети!, пишува корисникот со име K-Real, по што следат низа коментари од разни душегрижници и шегаџии, каква што патем е и воглавно целата кореспонденција на оваа социјална мрежа.
Жена ми (школована, три факултети) во петок си бега за Виена, со новиот дечко што го запозна викендов на шанк во Салун. Типот рекетар, пијаница, наркоман… ама при пари е, и ја прелажа мојава.
Пак ќе кажам: три факултети!
— K-Real (@1KRealDeal) February 2, 2023
Во еден од нив се вели:






– Епа јбг кога не си и направил деца. Ќе шеташе со рогови сеуште али барем ќе си легнуваше до топол г*з….
На ова, главниот лик кој ја објавува приказната одговара:
– Да имав деца наместо еден човек, ќе ме напуштеа повеќе. Секако е пораз, пријателе…
– Да имала барем еден мастер немало тоа да се деси, се вели во друга порака на еден од корисниците.






– Фокус и акцент даваш на факултетиве? Нешто ти мањка друже, ако е вистина, навистина ми е жал.
Be the first to write a comment.