Три лица се уапсени, меѓу кои и еден грчки државјанин, поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ, кога објектот почнал да тоне, дознава Курир.

Тие се товарат за сторено кривично дело „тешко кривично дело против општата безбедност“. Во акцијата учествувале полицијата и Третото основно обвинителство во Белград.

Да потсетиме, само неколку минути по полноќ на 1 јануари „Фристајлер“ почна да тоне. Настанала општа паника и метеж, а гостите и персоналот на сплавот успеале да побегнат.

„Фристајлер“ е пријавен за 220 луѓе, а на новогодишната ноќ, според неофицијални информации, имало најмалку 400 луѓе, се претпоставува дека на сплавот биле 500, а можеби и 600 луѓе.

Само од чиста среќа немаше жртви.