Прерано починатиот навивач од Кавадарци Славе Петков не е заборавен ниту од навивачите, неговите „Лозари“, ниту од играчите на ФК Тиквеш.

Дербито од третото коло во домашниот ВМФЛ шампионат, кое се играше викендов во Кавадарци помеѓу домаќинот Тиквеш и Брегалница имаше посебно значење.

Домаќинот пред стартот на мечот му оддаде почит на својот верен, но за огромна жал прерано почитан навивач Славе Петков. Верниот „Лозар“ ја загуби битката со болеста со која се бореше подолго време и фудбалско Кавадарци плаче за него.

Во негова чест „Лозари“ приредија прекрасна кореографија, а актерите на теренот носеа маички со неговиот лик. Слава му…

📸