Огромна трагедија се случи денеска во Нови Пазар кога надојдената река Трнавица однесе два животи. Вехбија Сафет Зекиќ и неговиот сосед Рамиз Рожајац се удавиле пред куќниот праг, додека синот на Сафет, Елвис Зекиќ го спасила само среќата.
Елвис кога забележал веднаш тргнал по својот татко, а снимката од безбедносните камери го сними херојскиот, но и потресен момент на спасувањето.
Повеќе од 15 часа дождот не престанува во Нови Пазар, реките се надојдени и се толку силни и брзи што глетката ја замрзнува крвта во вените. Работата да биде уште полоша, две лица од Нови Пазар загинаа во таа водна стихија додека се обидуваа да ги заштитат своите семејства и имот од поплавата.
Вехбија и неговиот сосед беа меѓу оние кои излегоа надвор и покрај невремето гледаа да спасат што може да се спаси. Така прво соседот Рамиз, пензионер од Швајцарија завршил во надојдената и брза вода. Вехбија, гледајќи колку насилно го носи разбеснетата река неговиот сосед, истрчал да го спаси несреќниот човек најдобро што можел. Веднаш по него тргнал синот за да го спаси својот татко, но залудно.
На шокантните видеа кои кружат на социјалните мрежи може да се види што е снимено од безбедносните камери, но и од луѓето со нивните телефони – син се обидува да го спаси својот татко!
Елвис го видел татко му како паѓа во водата, брзо истрчал и се качил на мостот за да му помогне. Седнал на работ и со едната рака се обидел да стигне до татко му, а со другата се држел за оградата која во тој момент се скршила и завршил во надојдената река која брзо ги однела и двајцата. Сè се случило за помалку од 5 секунди!
Соседите и другите сограѓани кои случајно се нашле веднаш притрчале да видат дали можат нешто да направат, па некако го извлекле Елвис од водата, но за жал не Вехбија и Рамиз.
Елвис Зекиќ (32) кој веднаш скокнал во водата по татко му раскажал што се случило, не верувајќи каква судбина ги снашла.
„Тој отиде да го спаси својот сосед и само го видов како паѓа во вода. Скокнав по него, но немаше помош. Неповратно беше однесен од реката. За малку ќе ме однесеше и мене. Само да го најдеме“ – постојано повторуваше неутешниот Елвис.
Be the first to write a comment.