Вчера во објект во изградба на улицата Орце Николов во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од населбата Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма.

„Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор“, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.