Момче на возраст од само 17 години денеска се удави во шритока на Дунав кај Костолац, јавуваат вечерва белградските медиуми.

– Несреќниот млад човек е од костоловачката населба Канал, а се удавил недалеку од Термоелектраната, објавија медиумите.

Како што неофицијално дознава Нова, младиот човек настрадал кога заедно со пријателите скокнале од чамецот кај Дунавац.

По несреќата на местото на настанот се собрале многу мештани.