Косовската полиција соопшти дека случајот што се случи во саботата во Урошевац, кога две девојчиња паднаа од зграда, е окарактеризиран како „самоубиство“, пренесува Коха.

Канун Весељи, портпарол на полицијата за регионот на Урошевац, изјави дека една од нив се обидела да скокне од зградата, додека нејзината сестра се обидела да ја спаси, кога и двете паднале.

15-годишно девојче загина, а 18-годишно девојче е тешко повредено по пад од четврти кат од станбена зграда во улицата „Сандер Проси“ во Урошевац.

Фотографија од местото на трагедијата

Весељи потврди дека прво биле испратени во Ургентниот центар во Урошевац, а потоа во тешка здравствена состојба се упатени во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина.

Од повредите починала З.М.(15), а со повреди се здобила А.М. (18).