Маж во Турција наводно бил застрелан од сопственото куче, кое згазнало на чкрапало од сачмарка.

Озгур Геврекоглу (32) бил застрелан додека ловел со својот пријател на висорамнината Кизлан во турската провинција Самсун, објави весникот „Туркије“, а објави „Њузвик“.

Несреќата се случила кога 34-годишниот маж му помагал на своето куче да влезе во автомобилот. Животното со шепата ја допрело наполнетата пушка која пукала кон Геврекоглу. По инцидентот тој бил пренесен во болница, а подоцна била констатирана смрт.

Геврекоглу станал татко само 10 дена пред инцидентот, според Туркије.

Човекот претходно објавувал слики на социјалните мрежи со различни кучиња за време на лов, објави Дејли Меил, но не е јасно кое куче е одговорно за неговата смрт.

Животното со шепата ја допрело наполнетата пушка која пукала кон Геврекоглу

Полицијата и обвинителството во моментов ја истражуваат смртта, а засега нема сомнеж дека се работи за кривично дело.