На менаџерот и директор на сплавор „Фристајлер“ Д.В. (46) и М.Р. (51) денеска им е одредена мерка притвор до 30 дена, додека сопственикот на сплавот М.Л. (51) е пуштен со кауција, дознаваат српските медиуми.

Тројцата се товарат за кривично дело „тешко кривично дело против општата безбедност“, односно за потонувањето на сплавот „Фристајлер“.

Тие денеска беа сослушани пред Третото основно јавно обвинителство во Белград кое предложи да се одреди мерка притвор. Судот нареди зад решетки да останат Д.В. и М.Р.

На М.Л. му е одредена мерка забрана за приближување, состанување, комуникација со одредени лица и посета на одредени места.