Снег има и во Лазарополе, Пожаране, Маврови Анови и Крушево. Со измерени минус пет Целзиусови степени, Попова Шапка утрово беше најстуденото место во земјава.
Во текот на изминатото деноноќие, на познатиот туристички и ски-центар натрупа и повеќе снег. Во споредба со вчера кога имаше снежна покривка од 26 сантиметри, утрово биле измерени 37.
По Попова Шапка, најстудено утро денеска имаше и во Лазарополе со минус четири и во Берово со минус три Целзиусови степени. Длабочината на снегот, пак, во Лазарополе денеска е 15 сантиметри, во Пожаране 12, во Маврови Анови седум и во Крушево четири сантиметри.
Од друга страна, пак, највисока температура од четири Целзиусови степени утрово е измерена во Дојран, а три во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија и Демир Капија.
Според најавите од УХМР, во текот на денот се очекува максималната температура во земјава да достигне од пет до 12 Целзиусови степени. Во Скопје, пак, прогнозите се дека ќе биде максимално до девет Целзиусови степени.
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.