Скопјани од понеделник со нови проблеми. „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови, објави телевизија ТЕЛМА.

Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .

Откако не падна договор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници поради нехигиенски и неипсравни автобуси.

Инаку пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати.

Веднаш потоа приватните превозници на „Макекспрес“, исто такa поради долг кој не можеа да го наплатат од ЈСП, односно Град Скопје, прекинаа да ги превезуваат патниците на нивните линии а тоа повлече протест на ученици од скопски Сарај кои ги користат линиите 56 и 56А кои имаа проблеми да одат на училиште.