На патот Рожаје-Баќ во Црна Гора синоќа околу 22 часот и 30 минути се случила страшна сообраќајна несреќа во која загинале три лица, а едно е тешко повредено. Во моментот на несреќата во возилото имало четири малолетни лица. Возилото слетало во реката Ибар, во непосредна близина на „Зелени“ во Рожаје.

Трагедијата се случила на место каде што магистралниот пат не е ограден со заштитни банкини и кое е познато по слични несреќи. На лице место починале малолетните А.М., С.М. и И.Д., сите на возраст од 16 години. Тешко е повреден Ф.Д.(17), а сите четири лица се од местото Балотиќи.

На социјалните мрежи луѓето се простуваат од трагично загинатите момчиња, а меѓу многуте објави се и зборовите на потресена сограѓанка, која ја разбудила сирена, а која, како што вели, веднаш почувствувала дека се работи за голема трагедија.

„Рожаје не е Њујорк и не сме навикнати да слушаме сирени секоја минута, но оваа сирена ме разбуди вечерва. Животот на тројца многу млади деца згасна на дел каде што слични несреќи се случиле безброј пати, па се прашувам колку животи треба да отидат, колку животи треба да се жртвуваат и колку мајки треба да плачат за некој надлежен да ги преземе работите во свои раце и да направат нешто околу тој дел? Или, како и секое чудо и трагедија, ќе трае три дена и никому ништо и ќе чекаат кој ќе го загуби животот потоа?!“

Нејзината објава набрзо ја споделија многу корисници.