Никшиќ попладнево остана длабоко во тага по тешката сообраќајна несреќа во која загина Владо Јарамаз (43), свештеник, сопруг и татко на две деца, нераскинлив дел од овој град.

Шок и неверување меѓу многуте пријатели на семејството Јарамаз, јавуваат црногорските медиуми.

– Од вечерва рајот се радува на литургиското пеење на Владо, велат жителите на Никшиќ.

Владо Јарамаз

Владимир Владо Јарамаз бил парохиски ѓакон на соборниот храм „Воскресение Христово“ во Подгорица. Роден е во Никшиќ во 1980 година. Студирал на Богословскиот факултет во Фоча и Белград, како и на Факултетот за визуелни уметности во Подгорица. Во ѓаконски чин е хиротонисан на 6 јануари 2010 година, а протоѓаконски чин е доделен на 21 февруари 2015 година.

Несреќата се случила меѓу 14 и 15 часот на автопатот Никшиќ-Подгорица, во местото Брља, во близина на градоти на бензинската пумпа, кога директно се судриле два автомобили. Јарамаз во автомобилот бил со сопругата и двете деца, кои се пренесени во Општата болница во Никшиќ.

Фотографија од тешката сообраќајка

– Д.Ј.(7) со полесни повреди се наоѓа на Одделот за хирургија, додека А.Ј.(12) е со повреда на главата и е упатена во Клинички центар. Нивната мајка се здобила со полесни повреди и била примена на Одделот за хирургија – соопштија од Општата болница.

На операција во оваа здравствена установа е хоспитализиран и возачот на другиот автомобил. Засега не се познати околностите кои довеле до оваа трагедија.