Ненадејната смрт на 15-годишно момче, кое утрово (09.01) беше пронајдено мртво од неговите сестри ја вознемири соседна Грција.

Според информациите на грчките медиуми, двете сестри отишле во собата на несреќниот брат за да го разбудат за на училиште. Тој, сепак, бил онесвестен и целосно вкочанет.

Веднаш потрчале по помош. Во куќата притрчал и локален лекар, кој извршил кардиопулмонална реанимација на 15-годишникот, по што со својот автомобил го однесол до место каде што го презела Итната помош. Во Општата болница констатирана е смрт на 15-годишникот.

Во истите информации се наведува дека детето долги години се справувало со проблеми со срцето. „Светло“ за точните причини за неговата смрт се очекува да фрлат резултатите од обдукцијата.