Неодамна ТВ водителката Милена Антовска Станковска го прослави првиот роденден на својата ќеркичка Јоана и со семејството имаа убави моменти исполнети со многу среќа.

Времето лета и помина цела година откако Милена се породи по вторпат, а за многу кратко време се врати во топ форма, иако еден период не беше задоволна од својот изглед, па летото се двоумеше дали да објавува фотографии во бикини. Сега постпородилниот период е зад неа, а таа е во совршена форма.

Во поглед на стилот, Миленче сезонава е навлечена на куси здолништа кои со тие долги нозе, совршено и прилегаат.

Многу често е тама во медиумите и тоа токму поради својот секси изглед, особено оној пред камери. Но и кога не е на работа, Милена е истата секси мама, а тоа го покажа со селфи во лифт од стајлингот кој го избрала на врнежлив ден.

Таа споила беж долг капут со макси џемпрче и ултра кусо колоритно здолниште – шик урбана комбинација која е полн погодок. Сесапилот и е пуштен на најјако, а нема сомнеж дека со вака голи нозе била магнет за погледи.

Се извинувам на сите што мислат дека е срамота мајка на две деца да носи кратка сукња

Таа во јануари годинава ја роди втората ќерка Јоана, а само неколку месеци по породувањето успеа да ја врати и нејзината совршена форма.

Антовска – Станковска редовно објавува фотки од нејзините модни комбинации, секогаш е дотерана и ги следи трендовите за мода, но неретко е и мета на лоши коментари и тоа најчесто од жени, како што и самата потенцира во коментар на Фејсбук, кои ѝ посочуваат дека е срамота мајка на две деца да носи мини здолништа.

Овој пат не сакаше да им остане должна, па водителката ги поздрави со уште една фотка во фустан кој ги истакнува нејзините долги нозе и иронично им порача:

– Се извинувам на сите што мислат дека е срамота мајка на две деца да носи кратка сукња – напиша Милена.

Во коментари доби голема поддрша дека тоа што е мајка на две дечиња нема врска со начинот како некој се облекува и, ние потполно се согласуваме со тоа, бидејќи облеката не те прави добра или лоша мајка, а Милена како и секоја друга мајка и жена, секако треба да биде горда на своето тело.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸