Милан Марковиќ го управувал амбулантното возило, со кое во саботата прегазил баба во Србија. Тој вели дека му е крајно жал за немилиот настан, и дека се уште не може да се опорави.

– Од саботата не можам да се вразумам. Ниту јас, ниту екипата на итната помош која беше во возилото – почнува Марковиќ.

Според него, тие дошле на повик на друг пациент.

– Ништо не навестуваше дека нешто лошо може да се случи. Влегов во возилото, го стартував и тргнав во рикверц. Погледнав во ретровизорите и немаше никој таму. Никој не е доволно луд да почне да вози ако види луѓе. Не знам како бабата се најде таму. Излеговме од возилото, некој викна: „Помош“ и дури тогаш видовме жена на земја – вели тој и додава:

– За среќа, се беше во ред. Се понудивме да ја однесеме во болница, но бабата не сакаше бидејќи се чувствуваше добро. И покрај тоа, ја проверивме неколку пати. Многу ми е жал за немилиот настан бидејќи навистина се грижиме и им помагаме на луѓето на најдобар можен начин. Уште еднаш и се извинуваме на баба и на нејзиното семејство – заврши Милан Марковиќ.

📸

📸