Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, ја напуштил земјава.

Се пласираа шпекулации дека тој побегнал во соседна Бугарија, бидејќи се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал поранешната невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања, односно за злоупотреба на службана положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра.

Гласините дека побегнал токму во Бугарија, доаѓаат поради тоа што тој неодамна се изјасни дека има бугарски национални чувства, но сепак, како што дознаваме, Цветанов сепак не е во Бугарија.

Ексклузивно за ,,Фокус” тој открива дека ја напуштил земјава уште на 18-ти ноември минатата година, бидејќи сфатил дека ќе биде осуден на затворска казна од над осум години.

Раскажува и дека не е во Бугарија, туку во друга европска земја каде чека азил, бил во повеќе кампови за азиланти, а сега во зграда со повеќе семејства кои користат заедничка кујна и купатило, разочаран од случувањата во земјава, започнувал живот од почеток.

-Не се шпeкулации гласините дека побегнав од земјава, но вистината е дека не сум во Бугарија, туку во друга земја од ЕУ. Не смеам да кажам во која, бидејќи започнав пoстапка за азил. Заминав поради тоа што МВР го имаат измонтирано многу јако предметот за мене, и целта им беше да бидам осуден на повеќе од 8 години. Од Македонија си заминав најнормално на 18-ти ноември лани, со пасош, нема место за приказни за бегање во гепек. Не планирам да се враќам назад никогаш, бидејќи омрзнат сум и непријатен сведок за најголемите политички партии,тврди Цветанов.

Во земјава останале неговите деца, и покрај тоа што тешко му паднала разделбата со нив, вели дека контактира со нив преку Вибер, а планирал и тие да доаѓаат кај него. Раскажува дека почетокот во нова земја не е лесен, но не се предавал.

– Не почнувам од нула, туку од минус сто! Поминав неколку кампови за азиланти, сега сум сместен во зграда, како дом, овде престојуваат околу 30 семејства и десетина самци, Користиме заедничка кујна и заеднички тоалети-вели за условите во кои сега живее.

На јавноста и упати порака дека во Македонија се може да се прости освен успехот, и да не веруваат дека власта е ЕУ ориентирана.

„Да не веруваат во флоскулите на власта дека биле ЕУ ориентирани. Мене ме саботираа и масакрираа заради обидот да донесам ЕУ Закон за контрола на ревизорските друштва од страна на државата, а истите сеуште се контролираат сами, државната институција е Икебана за покажување и украс. Ја лажат ЕУ во официјалните документи веќе 7 години по ред дека до ,,декември” ќе биде изгласан новиот Закон за ревизија.

Заради неквалитетни ревизорски извештаи се случи банкрот на банка, се случуваат големи тешкотии во еконoмското оперирање бидејки никој не може да гарантира за веродостојност на ревизорски извештај. Во Македонија, се се простува, ама успехот никако!“, порача Цветанов.