Велешанец прегази 11 годишно дете заедно со нејзината мајка и побегнал. 11 годишното девојче загинало, а неговата мајка е тешко повредена, објави локалниот портал Батали.нет.

Сообраќајката се случила синоќа во близина на училиштето Васил Главинов во Велес, на пешачки премин, во близина на сендвичарницата Круг.

– Наша екипа беше на местото на несреќата, каде што во тек е увидот кој го врши јавен обвинител, заедно со полицијата. Неофицијално дознаваме дека возачот е се уште во бегство, но полицијата на местото на несреќата пронашла регистарски табличка и веќе го знае идентитетот на сопственикот на возилото, кое го усмртило девојчето, а тешко ја повредило неговата мајка, објави порталот доцна синоќа.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Во продолжение погледнете ги фотографиите од местото на трагедијата.

📸

📸

📸