Возачот на автомобил марка БМВ, Џемо К.(37) им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Белград каде бил пренесен откако се здобил со тешки повреди опасни по живот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:00 часот на патот Зрењанин.
Несреќата се случила синоќа околу 22:00 часот кога на десната сообраќајна лента кон градот се движело БМВ со белградски регистерски таблички, а во моментот кога се префрлало на левата коловозна лента удрило во неговата страна БМВ со регистерски таблички од Ваљево.
Џемо бил зад воланот на БМВ со белградски регистарски таблички и во несреќата се здобил со повреди опасни по живот.
Со тешки повреди – скршеница на вилицата се здобила и сопатничката во неговото возило Јасмина И.(34).
Со повреди се здобиле и сопатниците од другото БМВ. Возачот Денис С.(23) по незгодата побегнал од местото, по што со полесни повреди бил пронајден во Ургентниот центар.
Од проверката е утврдено дека му е суспендирана возачката дозвола за периодот од 03.12.2022 до 03.03.2023 година, а во досието има дури 57 сообраќајни прекршоци.
Во неговото возило имало двајца сопатници Хелена С.(19) која има скршеница на бутната коска и зглоб, додека втората сопатничка, малолетната В.С.(17) има скршеница на надлактицата.
Be the first to write a comment.