Во Тузла утрово се случи убиство и самоубиство на улицата „Маршал Тито“. Две лица го загубија животот.

Како што е потврдено за порталот „Аваз“, 56-годишен маж со иницијали С.М. со огнено оружје ја убил сопругата, по што се застрелал со намера да си го одземе животот.

Набрзо бил пренесен во УКЦ Тузла, и бил на интензивна нега, каде во 10:20 часот им подлегнал на повредите. Оваа информација ја потврдија за „Аваз“ од УКЦ во Тузла.

Неофицијално, човекот кој си ја убил сопругата, а потоа си пукал во глава е Салко Мехмедовиќ. Засега не се познати мотивите на ова злосторство кое го потресе Тузланскиот кантон и целата држава.

Мехмедовиќ порано е одликуван со „Златен крин“ и е поранешен командант на 3-та тузланска бригада. Тој е и, како што потврдија за „Аваз“, татко на Елдар Мехмедовиќ, фудбалер првотимец на ФК Слобода Тузла.

Тој е еден од најголемите фудбалски таленти во БиХ.