Во 69-тата година од животот почина познатиот лекар-педијатар од Битола, д-р Вангел Тодоров, објави ТВ Тера.

Медицинскиот факултет го завршил на Универзитетот во Белград, каде на Институтот за мајка и дете специјализира во областа на педијатријата. Д-р Тодоров повеќе од 40 години работеше како лекар и педијатар, а пред 17 години ја основа ПЗУ „Д-р Вангел“.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои, посебно треба да се истакне наградата 4-Ноември на општина Битола добиена во областа на здравството.

Тој остави неизбришлива трага во здравството, а посебно во педијатријата на градот и пошироко. Погребот ќе се изврши утре, на 5 Јануари 2023 година, на гробиштата „Света Недела“ во Битола.