Беше студено Јануарско утро, 21ви, 1995 година во скопската болница по долго боледување од срцеви тегоби престана да чука срцето на една маркантна личност чие име испиша историја на македонската филмска и театарска сцена!

Душко Костовски е роден на 28 Мај 1939 година во Дебар. Почина во Скопје на денешен ден (21 јануари) во 1995 година

Неговиот лик како да беше создаден за во детските тв серии, драмите и филмовите во кои можеби помалце толкуваше главни улоги, но и оние малите ги правеше големи и забележителни, благодарение на неговата извонредна глума, талентот и шармантниот лик!

Постоеше голема глумачка хемија помеѓу него и Ѓорѓи Колозов! Двајцата беа одличен тандем и ја создаваа таа магија наречена топлина на сцената во приказните од периодот 1992-1994 година, годините неспосредно пред неговото заминување.

Публиката најмногу ќе го памети по: “Зрзе, зрзе, зрзе, а да не си од Марчино бе чорбаџи?!” Неговото срце престана да чука на 21 Јануари, 1995 година кога имаше полни 56 години живот.

Постоеше голема глумачка хемија помеѓу него и Ѓорѓи Колозов

Душко Костовски е роден на 28 Мај 1939 година во Дебар.

Актер кој секогаш умееше да го извлече максимумот во сите ролји – и мали и големи, и комични и трагични и фарсични и гротескни. Само актер со широко срце, со голема и искрена љубов кон професијата може да биде и да остане до крај на животот доследен на она што го создава. Секогаш ќе остане меѓу нас!

Вечна слава Дуле! Бог да го прости!

(Објавено на Фејсбук страната Ѓорѓи Колозов)