Пејачката Маја Николиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот и која сака да го става својот живот на дланка на јавноста.

Родена е во Ниш, потекнува од музичко семејство и има освоено голем број награди на фестивали. Она што не се знае за Маја Николиќ е информацијата од личната карта, односно нејзиното вистинско име.

Иако се работи за едно од најпопуларните женски имиња, таа одлучи да го започне своето патување низ естрадниот свет со прекар од нејзиното детство. Така денес ја знаеме како Маја Николиќ.

Но, оние кои ја следат нејзината кариера од самиот почеток знаат дека нејзиното вистинско име е Марија.

Да потсетиме, пејачката неодамна си ја отвори душата и зборуваше за најтешкиот период од нејзиниот живот. Како што вели, да беше Божја волја денеска ќе беше мајка на пет деца.

Маја Николиќ го добила во брак синот Новак (25) со музичарот Мирко Шќепановиќ од кој се развела кога момчето имало само една година.