Српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека според едно истражување, дури 91 проценти од луѓето во неговата земја, навиваат или за Црвена Звезда или за Партизан.

Затоа, иако клубовите се во големи долгови за данок и им се заканува опасност од стечај, Вучиќ рече дека државата ќе продолжи да ги помага Звезда и Партизан, бидејќи не смее да се занемари нивната полуларност.

Вучиќ не кажа кој клуб е повеќе популарен, но истакна дека за едниот навиваат 56, а за другиот 35 отсто од граѓаните на Србија.

Не е тајна дека Црвено-белите се најпопуларен клуб и Звезда е таа за која навиваат повеќе од половина Срби.