Четириесет и девегодишната Б.В. почина на 16 декември по операција за намалување на градите во приватната ординација „Душановиќ пластична и естетска хирургија“ во центарот на Белград.

Како што неофицијално дознава „Блиц“, жената (49) починала од белодробна емболија, поточно тоа е причината за смртта, а се уште не се знае што ја предизвикало.

Според неофицијални информации, операцијата е извршена во „општата медицинска ординација“, како што оваа ординација официјално се води во Агенцијата за економски регистар (АЕР), а не во болница, па останува увидот да утврди дали воопшто имале дозвола да вршат операции.

– Како што неофицијално дознаваме, жената била оперирана од д-р Александар Д., основач на клиниката, објави Блиц.рс.

Да потсетиме, Б.В. имала операција за намалување на градите во приватната ординација, па на 16 декември околу 22.30 часот била примена во Ургентниот центар, но веќе била почината.

Како што пишуваат белградските медиуми, несреќната жена со ќерката допатувала од Германија во Белград за да се подложи на операцијата која ја чинела живот.