Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека пред два дена бил приведен украински државјанин на излез да излезе од Србија кон Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце, поради обид од земјата да изнесе големо количество пари и два скапоцени камења, а според медиумите станува збор за поранешен началник на украинското разузнавање СБУ.

„Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Одделот за антикорупција во соработка со Граничната полиција и Царината на 8-ми јуни… под основано сомнение за перење пари, ги приведоа германскиот државјанин А.А. роден 1986-та и Украинецот А.Н роден 1982 година. На контролниот пункт во автомобил BMW управуван од А.А., во кој бил и А.Н, откриени се непријавени 607.990 евра и 124.924 американски долари и два смарагда“, извести српската полиција приложувајќи фотографии од заплената.

Приведените кои следните денови ќе ги минат во притвор во истражниот затвор во Ниш, се осомничени дека парите и скапоцените камења, кои „потекнуваат од нелегални извори“ планирале да ги изнесат од Србија. Според српскиот кривичен законик за ова дело е предвидена казна до 12 години затвор.

Украинскиот портал Страна.ua во петокот објави, повикувајќи се на сопствени избори, дека станува збор за Андриј Наумов, поранешен началник на одделот за внатрешна безбедност при Службата за безбедност на Украина (СБУ). Притоа, изворите на порталот рекле дека тој бил придружуван од германскиот државјанин, идентификуван како Александр Акст, за кого не се дадени повеќе податоци.

Порталот го опишува Наумов како „десна рака“ на сегашниот прв човек на СБУ, Иван Баканов. Но минатата 2021 година бил поврзуван со скандал со шверц посебно поврзани со фирми регистрирани на името на споменатиот германски државјанин Акст, по што бил отпуштен од службата.

На почетокот од април, украинскиот претседател Владимир Зеленски објавил дека ги одземал чиновите на двајца високи функционери на СБУ, Андреј Наумов и Сергеј Криворучко.

Наумов ја напуштил Украина пред почетокот на руските борбени дејствија, или како што пишува Страна.ua, само неколку часа пред почетокот на инвазијата. Украинските власти поради тоа отвориле истрага во врска со делот од разделот „предавство“.

📸

📸

📸

📸

📸