Спортски авион се урна во Босна и Херцеговина, кај Приједор, пренесуваат медиумите во Република Српска.

Авионот се урнал во нива покрај автопатот Приједор-Козарска Дубица, а според неофицијални информации, во несреќата загинале две лица – пилотот и неговата 21-годишна ќерка. Станува збор за долгогодишниот инструктор по летање Љубиша Араманда и неговата ќерка Андреја.

Околу 15 часот, авионот паднал во нива покрај главниот пат Приједор-Козарска Дубица, во близина на кривината кон Црна Долина.

Неговата ќерка неодамна почнала да работи во општина Приједор. Очевидци за Српскаинфо велат дека Араманда денеска дошол на аеродромот со својата ќерка.

– Тој и неговата постара ќерка се качија во авионот за да одат на летање. Само што полетал изгубил контрола и паднал по неколку минути – изјавил очевидец за Српскаинфо.

Љубиша и Андреа Араманда

Местото на несреќата го обезбедуваат припадници на полициската управа Приједор, а присутни се и припадници на Територијалната противпожарна единица за спасување.

На местото на несреќата со своите соработници пристигнал и градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор.