Илјадници граѓани на Приштина излегоа на улиците поради случајот со силување на 11-годишно девојче во Косово, пишува Euronews.
Злосторството се случило во саботата кога пет лица силувале 11-годишно девојче од Приштина. Косовските медиуми јавуваат дека девојчето било силувано од 17:30 до 00:30 часот во еден од градските паркови.
Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, црвена боја е фрлена кон седиштето на косовската влада и Министерството за правда. Бараат смртна казна за сторителите.
Едномесечен притвор
Еден од осомничените за силување е 26-годишниот Екрем Реџепи. Приведени се и неговиот малолетен брат и уште три малолетници.
На четворицата уапсени им е изречена мерка едномесечен притвор, а одлуката за петтоосомничениот треба да биде објавена денеска.
Шефот на косовската полиција поднесе оставка
Протестите во Приштина беа организирани од невладини организации кои се занимаваат со заштита на жените во Косово. Една од организаторите, Трина Бинаку, рече дека силувањето на 11-годишно девојче е симбол на косовскиот „патријархален систем“.
Бинаку пред толпата рече дека протестите ќе продолжат се додека владата не воведе ефективни мерки за казнување на родовото насилство и жртвите.
Шефот на косовската полиција во средата поднесе оставка поради, како што вели, професионалната совест во врска со овој случај.
Be the first to write a comment.