Украинските медиуми објавија снимки од августовските претреси во куќата на поранешниот заменик-министер за одбрана Олександар Мироњук. Тој е вмешан во случај за измама со набавки во Министерството за одбрана.

Поради корупциски скандали во Украина, објавена е видео снимка од 1 милион долари во готовина што ја сокрил поранешниот заменик министер за одбрана на земјата, Олександр Мироњук. Всушност, тој самиот успеал да биде ослободен од обвинението на суд, кој му ги вратил парите назад.

Конкретно, Nexta објави видео, според кое Олександр Мироњук имал речиси милион долари во кеш скриени во софа. Видеото наводно е снимено за време на истрагата во август минатата година.

Наводно, Мироњук на судот му доставил „документ“ во кој се вели дека парите пронајдени на каучот не се негови, туку му ги позајмила 86-годишната жителка на Харков, Елеонора Думинш. Според Правда, судот му ги вратил запленетите пари на Мироњук.

Се потсетува дека Украина во средата започна бран на истраги насочени кон административци, функционери и личности, додека властите уверуваат дека борбата против корупцијата е приоритет во контекст на воените напори и помошта од Западот.

Во својата дневна видео порака, претседателот Зеленски рече дека „Службите за безбедност на Украина, Државното истражно биро, Бирото за економска безбедност и Обвинителството спроведоа десетици истраги и други дејствија во различни региони и против различни лица во контекст на кривичната постапка“.

„Правдата ќе биде задоволена“, изјави тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ќе направи секакви промени во персоналот за да се искорени корупцијата и ја нагласи потребата Министерството за одбрана да биде транспарентно и некоруптивно.