Кралицата Елизабета тајно се борела со ракот во последната година од животот, тврди пријател на принцот Филип во новата книга.

Во биографијата „Елизабета: Интимен портрет“, што ќе биде објавена на 8 декември, писателот и пријател на сопругот на кралицата Елизабета, Гајлс Брандрет, тврди дека покојната кралица боледувала од форма на рак на коскената срцевина, чијшто најчест симптом е болка во коските.

Забележано е дека официјалната потврда за нејзината смрт, објавена во септември, е евидентирана како смрт од „старост“.

„Слушнав дека кралицата има форма на миелом – рак на коскената срцевина – што ќе го објасни нејзиниот замор и губење на тежината и оние „проблеми со мобилноста“ за кои честопати ни кажуваа во последната година од нејзиниот живот. Најчестиот симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а мултипниот миелом е болест која често ги погодува постарите лица“, пишува Брандрет, пренесува Сан.