Ново чудо во православниот свет, науката и медицината неми се пред Господа. Архиепископот Хризостом кој се водеше и служеше по стариот календар.
И по 38 часа од неговото успивање (смрт) телото негово не е згрчено и укочено, бојата на кожата е природна со ликот, флексибилноста и температурата на телото негово е иста како на жив човек.
Од неговото тело се чувствува миромирис (неискажлив мирис-благоухание). Тоа Господ го испраќа на оние кои живееле свето,чисто во молитва и љубов совршена кои служеле само на Бога, без да бараат слава и пофалби од луѓето и да се мешаат со световните владари.
Ете доказ колку е силна верата православна и како Господ ги прославува оние кои вистински служеле во слава Негова. Треба добро да размислиме дека овој живот е привремен и каков одговор ќе дадеме пред Лицето на Господ, и тој што верувал и тој што не верувал ќе застане на судниот ден.
Арх.Хризостом беше монахот од Света Гора кој ја наслика чудотворната Иверска икона на Јосиф Муњос кој го убија сатанистите. Пракса е во старокалендарските синоди, архиепископите да се закопуваат во седечка положба.
Закопот е в понеделник во Тива попладне. Бог да го прости Царство Небесно !!!
Be the first to write a comment.