Велес и Македонија завиени во црно по трагедијата која доцна синоќа се случи во овој градот.
Животот го загуби 11 годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со повреди откако автомобил удри во нив.
Од МВР денеска излегоа со официјални детали за несреќата која кај нив била пријавена околу 22:15 часот.
-На ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата.
Мајката на девојчето се здобила со телесни повреди кои и биле констатирани во велешката болница.
-Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од МВР.
Be the first to write a comment.