Основното обвинителство во Урошевац побара од Основниот суд во тој град да му одреди едномесечен притвор на осомничениот за ранување на двете момчиња од српска националност кај Штрпац, наведувајќи дека осомничениот еден час пред тоа пукал пет пати во воздух во Брезовица поради застој во сообраќајот.

Младиот Албанец се товари за кривично дело „тешко убиство во обид“, бидејќи, како што додаваат, ранувањето следело по вербална расправија, пренесува Репортери.

Од Обвинителството посочуваат дека постои основано сомнение дека осомничениот на 6 јануари околу 14 часот во село Готовуша на подрачјето на општина Штрпац намерно се обидел да им одземе живот на момче и дете.

Обвинителството тврди дека осомничениот по вербална расправија извадил револвер марка „мосберг“ и испукал двапати.

-Од пукањето тие се здобиле со физички повреди, поради што прво биле испратени во Здравствениот дом во Штрпац, а потоа и во болницата во Грачаница. Така, според Кривичниот законик, осомничениот сторил кривично дело тешко убиство во обид – информираат од Обвинителството.

Исто така, според Обвинителството, осомничениот сторил кривично дело употреба на опасно оружје или алат.

– Бидејќи пред да ги повреди младите Срби, околу 13 часот, на Брезовица пукал пет пати во воздух, откако поради гужвата не можел да помине со возилото „Голф“, според Обвинителството, исто така сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ – информираат од Обвинителството.