ГРЦИЈА- Луда љубомора, опсесија и кокаин го натерале 23-годишен шанкер да ја убие својата 19-годишна партнерка во нивниот дом, а потоа да повика полиција и да се предаде. Инцидентот се случил денеска во раните утрински часови во населеното место Каминиа на Пиреа во Грција.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот ја затекнала жената мртва, а насилникот ги чекал

Момчето, кое работело во ноќен бар во Труба, штотуку се вратило од работа утрово. Истото било случај и со 19-годишната која работела во ноќен клуб во Калитеа.

– Повторно почнале да караат, а причината како што изјавил самиот Албанец во полиција, била тоа што бил љубоморен на девојката, објавуваат грчките медиуми.

Местото на убиството

Во налет на бес и под дејство на дрога, поточно кокаин, го извадил пиштолот што го земал пред една година од некои Романци (како што самиот кажал) и двапати пукал во главата на својата 19-годишна сонародничка.

– Штом сфатил што направил повикал полиција. Полицијата која пристигнала на местото на настанот ја затекнала жената мртва, а насилникот ги чекал. Му ставиле лисици и го однеле во полициската управа од областа, пишуваат грчките медиуми.