Нашата некогашна пејачка Ноне Неделковска повторно се врати на работата на брод, а на социјалните мрежи редовно споделува фотографии од местата што имала можност да ги посети.

Така, Ноне одлучи да објави нови фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм како ужива во кристално чистите води на Кајманските Острови, а до нив во описот ги сподели своите љубовни маки:

„Оваа мала госпоѓа сака врска, но сака и да биде сингл. Сакам да има врска која ќе заврши со брак, но завршува со мажи што се емотивно недостапни. Обично сум многу пребирлива, а секогаш успевам да го изберам погрешниот.“

Нејзините фотографии собраа голем број позитивни коментари и измамија воздишки кај нејзините следбеници, кои ѝ порачаа да избере некој од нив.

„Како да се сконцентрирам на морето, а баш е убаво морето“, „Избери ме мене, пак ќе згрешиш“, „Можеби вистинскиот е поблиску отколку што ти се чини“, „Те молам дај ми шанса“ – стои во некои од коментарите од нејзинтие следбеници.

📸

📸