Невидена трагедија се случи вечерва во Црна Гора во близина на градот Рожаје на магистралниот пат Рожаје-Баќ, јавуваат црногорските медиуми.

До несреќата дошло кога автомобил излетал во коритото на реката Ибар. На лице место починале малолетните А.М., С.М. и И.Д. Тешко е повреден Ф.Д.(17).

Тешко повредениот млад човек итно бил пренесен во Општата болница во Беране, каде лекарите прават напори да му го спасат животот.

Трагедијата се случила во петокот околу 22.30 часот, на место каде што патот не е ограден со банкина и кое е познато по слични несреќи.

Засега не се познати причините за трагедијата. Неофицијално, подгорички Вијести соопштува дека сите жртви се од Рожаје.