На автопатот во близина на Брестовац, кај Лесковац, утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која еден човек загина, а друг е тешко повреден и пренесен во Ургентниот центар на Општата болница во Лесковац.

Имено, автомобил кој се движел во правец на Врање и во кој имало три машки лица излета од автопатот.

– Животот на лице место го загуби тој што седел позади, возачот (52) се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката А.Л. (51) е полесно повреден. Еден од нив е турски државјанин, јавуваат српските медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила околу 07:00 часот поради излетуање на автомобилот од коловозот, а читател на Југмедиа вели дека оваа трагедија е невообичаена по тоа што автомобилот не е многу оштетен.

– Како некој да го кренал автомобилот од автопат и да го испуштил во полето – вели читателот.