Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење, реагира на Фејсбук, инфектологот Славица Трајкова, која објавувајќи фотографија со термометар на кој живата едвај достигнува до 10 степен Целзиусови, пишува дека на таа температура се прегледуваат пациенти од деца, до највозрасни.

Трајкова со иронија вели дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“. Во оваа болница, и покрај најавената модернизација, лекарите сами си купуваат стетоскопи, објаснува инфектологот.

„Ништо поразлично и во болничките соби… Ама таму има ќебиња. Што беше тоа исправен апарат за крвен притисок, или ЕКГ апарат или исправен пулсоксиметар?!“, пишува, меѓу другото, во ФБ постот на Трајкова.