Во падот на патничкиот авион со 72 лица денеска во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија вечерва властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите.

Авион ATR72 на Yeti Airlines падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од патниците ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео се прошири на социјалните мрежи.

Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели бил на патување со параглајдерство.

Ова е најголемата воздухопловна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанската авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 патници.