Големиот скандал што го потресе полицискиот оддел на едно гратче во Тенеси, но и светот, се чини дека не ја потресе полицајката Меган Хол, која беше отпуштена од работа заедно со четворица колеги, пишува Дејли мејл.

– Не сакам да зборувам за тоа, само ќе продолжам понатаму и ќе го живеам животот – со кревање раменици изјавила 26-годишната Хол во својот прв јавен коментар откако скандалот ја шокираше јавноста.

Омажената Хол имала афери со колегите додека била на должност, вклучително и тројка со колега полицаец и неговата сопруга и соблекување на горниот дел од бикини на забава во када.

Меган со нејзиниот сопруг Џедид

Таа рекла дека е во „отворен брак“

Таа им кажала на колегите дека е во „отворен брак“ и се обидела да го вклучи и нејзиниот сопруг во него, но Џедид Хол, кој е син на свештеник, не сакал да се меша во такви афери и наместо тоа се соочил со фактот дека неговата сопруга го изневерувала четири години, според внатрешната истрага.

Дејли Мејл откри дека Џедид (28), поранешен чувар на државни паркови со магистерска диплома од Државниот универзитет во Тенеси, и дава поддршка на својата сопруга и се обидува да ги реши нивните проблеми.

Двојката Хол е заедно од студентските денови и се венчаа во ноември 2018 година, а првиот семеен дом го купија во март минатата година.

Меган Хол

– Не знам како го прави тоа, тој е поголем маж од мене, но се обидува да си го спаси бракот – изјави шефот на Џедид Хол за Дејли Меил.

Одлучи да се пензионира поради скандалот

Неговиот шеф исто така изјавил дека Џедид тренирал за патролата на автопатот во Тенеси, но решил да се повлече поради скандалот со неговата сопруга и наместо тоа се вработил како заменик.

– Му понудив и му ги обезбедив сите ресурси што му беа потребни. А се што вели е, шерифе јас само сакам да работам за граѓаните и го сакам тоа што го работам. Не го оправдувам она што се случи во полицискиот оддел во Ла Верњ, но Џедид секако не прекрши ниту еден закон. Тој е жртвата овде. Нема никаква дамка во неговото досие. Тој работи феноменална, феноменална работа, додаде Партин.

Џејсон Кол, градоначалникот на Ла Верњ, мал град во Тенеси со 40.000 жители, објави дека Хол била отпуштена од работа заедно со четворица полицајци со кои таа наводно имала врски и на должност и надвор од должност минатата година.

Уште тројца полицајци се суспендирани без плата, а останатите 62 полицајци кои работат во полициската станица ќе бидат на задолжителна преквалификација за правила и прописи, рече градоначалникот.

📸

📸

📸